Утрински Весник
Економија

43 отсто повеќе туристи патувале низ светот годинава од лани

43 отсто повеќе туристи патувале низ светот годинава од лани

Во светот од почетокот на годината до крајот на јули патувале 700 милиони туристи или 43 отсто повеќе од истиот период во 2022 година, а тоа е 85 отсто од туристите од 2019 година, додека до крајот на 2023 година тој број може да се зголеми на околу 95 отсто, се новите податоци и прогноза на Светската туристичка организација.

dobivaj vesti na viber

Пренесувајќи ги податоците од новото издание на својот светски барометар, Светската туристичка организација истакнува дека помеѓу јануари и јули 2023 година, Блискиот Исток, Африка и Европа се најблиску до 2019 година во однос на бројот на меѓународни пристигнувања на туристи.

Во исто време, тие сметаат дека е важно побарувачката за туризам да не се намалува, туку да се зголемува и, според Светската туристичка организација, да покаже одржливо закрепнување.

За јули, Светската туристичка организација нагласува дека од крајот на пандемијата, тој е најпрометниот туристички месец во светот со 145 милиони меѓународни патници, што покажува дека туризмот силно закрепнува во сите делови на светот, но и се прилагодува на новите околности и побарувачката.

Новото издание на светскиот барометар на Светската туристичка организација открива дека единствениот регион во светот кој го надминал резултатот од 2019 година во седумте месеци од 2023 година бил Блискиот Исток, со 20 отсто повеќе меѓународни туристички пристигнувања, а потоа следат Африка и Европа со 92 и 91 проценти, соодветно.

За седум месеци од 2023 година, Северна и Јужна Америка достигнаа 87 отсто од туристичките пристигнувања од 2019 година, а за Азија и Пацификот, Светската туристичка организација вели дека, според достапните податоци, закрепнувањето на туризмот исто така се забрза на околу 60 отсто од нивото на пристигнувањето на странски туристи пред пандемијата.

Врз основа на податоците и информациите на пазарот, Светската туристичка организација предвидува дека до крајот на 2023 година меѓународниот туризам би можел да достигне 95 отсто од нивото на меѓународни туристички пристигнувања пред пандемијата.

„Изгледите за последниот квартал од оваа година укажуваат на продолжување на закрепнувањето, но со поумерено темпо по шпицот на летната сезона. Повторното отворање на Кина и другите азиски пазари и дестинации се очекува да продолжи да го поттикнува патувањето“, велат од Светската туристичка организација.

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм