Утрински Весник
Спорт

(Видео) Сити подобри од Звезда, ПСЖ ги „суреди“ Дортмунд, Барса го „торпедираше“ Антверпен

(Видео) Сити подобри од Звезда, ПСЖ ги „суреди“ Дортмунд, Барса го „торпедираше“ Антверпен

Првото коло од новата сезона во Лигата на шампиони не донесе некои изненадувачки резултати, откако главните фаворити за титулата како актуелниот шампион Манчестер сити, Барселона и Пари Сен-Жермен стигнаа до очекувани домашни победи.

dobivaj vesti na viber

Сити беше шокиран од српскиот шампион Црвена звезда со голот на Осман Букари во самата завршница на првото полувреме, но во второто полувреме доминираа на „Етихад“ и се вратија за 3:1 победа со двата гола на Хулијан Алварез (47. и 60.), и со среќнит гол на Родри (73.).

Во „групата“ на смртта, Пари Сен-Жермен по неубедливиот старт на домашниот шампионат забележа рутинска 2:0 победа над Борусија Дортмунд – Килијан Мбапе од пенал во 49. минута и Ашраф Хакими во 58. минута беа доволни за триумф.

Барселона почна најубедливо против белгискиот шампион Антверпен – дадоа три гола за само 11 минути во првото полувреме. Жоао Феликс во 11. минута прво стрелаше, за потоа фантастично да му асистира на Роберт Левандовски во 19. минута, за само три минути подоцна по обидот на Рафиња, Батај да си постигне автогол. Во второто полувреме, Барса ја доврши работата – Гави во 54. минута зголеми на 4:0, за Феликс да постигне уште еден гол во 66. минута за 5:0.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Феенорд – Селтик 2:0
Лацио – Атлетико Мадрид 1:1
ГРУПА Ф
Пари Сен-Жермен – Борусија Дортмунд 2:0
ГРУПА Г
Манчестер сити – Црвена звезда 3:1
ГРУПА Х
Барселона – Антверпен 5:0
Шахтјор Доњецк – Порто 1:3

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо