Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Власта со недели не излегува со детекција на виновниците на Онкологија, нема оправдување

Мицкоски: Власта со недели не излегува со детекција на виновниците на Онкологија, нема оправдување

Загрижени се од власта затоа што ако тој КАТО-систем бил функционален, тогаш многу јасно ќе дојдевме до одговорот на суштинските прашања кој е тој што ги злоупотребил животите на оние луѓе што, за жал, поради недоволна медицинска грижа, беа загубени изминатите години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посетата на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање за скандалот на Онкологија.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека разбира што актуелниот министер мора да бара изговори затоа што таква му е насоката, но нема оправдување ни за него ни за надлежните органи.

„Го разбирам овој министер дека мора да бара изговори, не можам да го оправдам бидејќи таква насока добил од коалицијата и претпоставените. Не можам да ги оправдам ниту надлежните органи, кои сè уште, по толку недели, не излегоа со јасна детекција кој е тој виновник што предизвикал ова да се случува“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да го реши овој проблем и виновниците да одговараат.

„Повторно ќе кажам од мое име и името на семејствата жртви на овој грозоморен и траурен настан што се случувал на Клиниката за онкологија, многу бргу од денеска ќе имаме нова влада од ВМРО-ДПМНЕ, која има сериозно во корен да се зафати со решавање на овој проблем и сите оние за кои постои основано сомневање и докази дека се богателе на грбот на животите на нашите сограѓани има сериозно да одговараат“, потенцира Мицкоски.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор