Утрински Весник
Култура

Мултимедијална промоција на „Театар на сенки“ од Емељ Туна

Мултимедијална промоција на „Театар на сенки“ од Емељ Туна

„Театар на сенки“ е насловната песна која ја отвара завесата на овој театар во кој детските приказни се вртат во парички од лутина и среќа и паричката се губи во прашината на градовите и касабите што ни се отвораат пред очите.

dobivaj vesti na viber

Мултимедијалната промоција е составена од перформанс на трупата „Наш мал театар“ работен според стиховите на Туна, промотивна реч на Владимир Мартиновски и интерпретација на стихови од страна на Биљана Стојановска. Промоцијата е на 18 септември во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Збирката „Театар на сенки“ од Емељ Туна содржи 41 песни, на околу 50 страни. Песните се поделени во две посебни, но сепак поврзани целини: „Театар“ во кој има 20 песни и „Сенки“ во кој се сместени 21 песна. „Театар на сенки“ е насловната песна која ја отвора завесата на овој театар во кој детските приказни се вртат во парички од лутина и среќа и паричката се губи во прашината на градовите и касабите што ни се отвораат пред очите. Во овие градови авторот и читателот заедно се соочуваат со себе си и своето „ЈАС“, од кое се ослободуваат дури летаат до небесните ниви разбранувани ама и дури стиховите се рацете што ги придржуваат за веќе да не се плашат од падови – се вели во описот на книгата, која е во издание на Восток од Битола.

Емељ Туна е голем вљубеник во пишаниот збор, но и на уметноста општоРодена е 1977 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а магистрирала и докторирала на шведскиот земјоделски универзитет од Упсала. Работи како вонреден професор на Институтот за агроекономика, при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторка е на четири збирки поезија „Хоризонти“ (1998), „Паралелни светови“ (2002), „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ (2021) и „Чудна пролет ќе ти раскажам“ (2022). Учествувала на повеќе поетски манифестации меѓу кои и 59тите Рацинови средби (Велес) и Ритамот на чаршијата (Скопје) во 2022 година, како и на неколку натпревари на кои е добитник на награди и признанија. Нејзината поезија е дел од поетски монографии како „Астални проекции“, „100.000 Поети за промена“ и дел од „Современост“, списанието за литература, култура и уметност (2022 година).

Промоцијата на поетската збирка „Театар на сенки“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е дел од богатата понуда на Град Скопје – кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“