Утрински Весник
Македонија

Малчевски по конторверзните прашања од програмата за образование: Системот е окупиран од самопрогласени експерти, треба одговорност од желните за хонорари

Малчевски по конторверзните прашања од програмата за образование: Системот е окупиран од самопрогласени експерти, треба  одговорност  од желните за хонорари

Можеби прирачникот е од пред 10 години но “експертите” се исти и денес, пишува на социјалните мрежи професорот Самоил Малчевски.

dobivaj vesti na viber

Коментирајќи го прирачникот од програмата за образование кој предизвика бурни реакции во јавноста професорот ќе напише:
„Бешка и Чешларов се “експертите” кои стојат позади експериментот врз нашите деца наречен Концепција за основно образование на Мила Царовска!
И да, кога ќе кажам лидерот во неуспешни образовни “реформи”, да тоа е Бешка, “експертот” кој стои позади сите експерименти во Македонскиот образовен систем почнувајќи од првиот “Чекор по чекор” на почетокот на деведесеттите години“.

Оценува дека системот е трул, токму зошто е окупиран од самопрогласени “експерти” желни за хонорари.

На системот, додава Малчевски, му треба вистински рестарт, а не козметички промени.

„И да, треба одговорност и забрана за вршење на дејност на “експертиве” желни за хонорари“, пишува Малчевски на социјалните мрежи, по контроверзните прашања од програмата „Образование за животни вештини“ за средно образование кои се споделуваа на социјалните мрежи и предизвикаа бурни реакции во јавноста.

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства