Утрински Весник
Свет

Пушки и ракавица од вселенски костум: Путин и Ким си разменија подароци

(Видео) Путин и Ким се ракуваа: Русија ќе и помогне на Северна Кореја во  изградбата на вселенски сателити

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на крајот од средбата разменија подароци, вклучувајќи пушки и ракавица од вселенски костум, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Путин му подари на лидерот на Северна Кореја ракавица од вселенски костум кој бил неколку пати во вселената и пушка од домашно производство со највисок квалитет“, изјави претставник на Кремљ, пренесува ТАСС.

Според него, Ким му дал на Путин „пушка направена од севернокорејски мајстори“.

„Имаше и други подароци“, рече Песков, но не прецизираше за кои подароци станува збор, истакнувајќи дека Кремљ многу ретко објавува подароци од највисоко ниво.

Путин и Ким се сретнаа на космодромот „Восточни“ во далечноисточниот руски регион Амур, каде што се запознаа со инфраструктурата и разговараа.

Интеракцијата се одвиваше со учество на делегации, но и во формат еден на еден каде се разговараше за економската соработка, хуманитарните прашања, состојбите во регионот и други теми.

За време на претходната посета на севернокорејскиот претседател на Русија, кога тој се сретна со Путин во Владивосток во 2019 година, двајцата лидери разменија и подароци.

Ким му подари на Путин корејски меч „кој ја претставува силата и душата на народот“.

Рускиот лидер му подари на својот колега козачка сабја, како и сет чаши за чај со држачи кои Русите традиционално ги поврзуваат со железнички патувања, нешто што севернокорејскиот лидер може да го користи на своите долги патувања со воз.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30