Утрински Весник
Спорт

Гвардиола потрошил две милијарди евра на трансфери

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Пеп Гвардиола е еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, но и тренер кој потрошил најмногу пари на трансфери на фудбалери, во клубовите во кои работел.

dobivaj vesti na viber

Шпанецот е единствениот тренер кој вложил повеќе од две милијарди евра во градење на своите тимови, пишува „АС“ и ги наведува тренерите според сумата вложена во засилување на тимот.

Во 16 успешни сезони, кои ги помина на клупите на Барселона, Баерн и Манчестер сити, Гвардиола донесе 78 фудбалери и освои 37 трофеи, 11 од нив се за национален шампион и три во Лигата на шампионите. Многумина го критикуваат за големата екстраваганција со која клубовите ги плаќаат овие успеси, а од „Трансфермаркт“ прецизираат колкава била таа потрошувачка. Тој потрошил вкупно 2,04 милијарди евра.

Тренери кои потрошиле најмногу за купување играчи:

1. Пеп Гвардиола, вкупно 2,04 милијарди евра за 78 играчи
2. Жозе Мурињо, 1,86 милијарди евра за 118 играчи
3. Карло Анчелоти, 1,69 милијарди евра за 108 играчи
4. Масимилијано Алегри, 1,4 милијарди евра за 113 играчи
5. Диего Симеоне, 1,21 милијарди евра за 82 играчи

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024