Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ нема аргументи, уставните измени не загрозуваат ништо, обезбедуваат напредок кон ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

„Предложените уставни измени обезбедуваат напредок кон ЕУ, ја обезбедуваат европската иднина на државата и на граѓаните, а не загрозуваат ништо. ДПМНЕ нема аргументи зошто е против ЕУ“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Лагите на опозицијата за бугаризација, асимилација, губење на македонскиот јазик и идентитет, потонаа целосно. Преговараме со ЕУ на македонски јазик, македонскиот идентитет е заштитен.

Пропадна и лагата за наводен бугарски диктат. Преговарачката рамка е поддржана од сите 27 земји членки на Унијата и ние преговараме со ЕУ. Блокадите без аргументи се на директна штета на државата и на народот.

Членствово во ЕУ носи бројни економски придобивки и значат подобар животен стандард за граѓаните и пристап до развој и фондови. Примерот со Хрватска е јасен, со членството во ЕУ земјата има добиено 12 милијарди евра.

Уставните измени се за доброто на граѓаните, за продолжување на европскиот пат, за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година“, соопшти СДСМ.

Можете да прочитате

Фирма од Струмица од 2020 до 2026 година неовластено вршела увоз, складирање и продажба на хемикалии

Приведени две лица при претреси во Кавадарци, пронајдена дрога

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри