Утрински Весник
Македонија

Ќе се асфалтира делницата Велес – Градско, затворена за сообраќај од 8 до 18 часот

Ќе се асфалтира делницата Велес – Градско, затворена за сообраќај од 8 до 18 часот

Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско”, АМСМ известува дека поради вградување на асфалтен слој, на 14, 15, 16 и 18 септември, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија