Утрински Весник
Свет

Петмесечно бебе се удави кај Лампедуза

Петмесечно бебе се удави кај Лампедуза

Петмесечно бебе се удави во спасувачка акција кај италијанскиот остров Лампедуза, откако се преврте брод со мигранти од Северна Африка, соопшти денеска АНСА.

dobivaj vesti na viber

Околу 1.850 мигранти пристигнаа на Лампедуза во средата, со што вкупниот број на мигранти на островот се искачи на повеќе од 6.700, според АНСА.

Бродот со детето се превртел непосредно пред да биде пресретнат од италијанската крајбрежна стража. Сите други патници биле спасени, вклучувајќи ја и мајката на бебето, тинејџерка од Гвинеја.

Мигрантите испловија од тунискиот град Сфакс.

112 чамци со повеќе од 5.000 мигранти пристигнаа во вторникот во Лампедуза, изјави обвинителот Џовани Ди Лео. Ова е речиси двојно повеќе од рекордот од минатиот месец, кога во еден ден пристигнаа 63 бродови.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд