Утрински Весник
Македонија

203 казни за прекршоци што ги направиле пешаците

(Видео) „И јас и ти сме пешаци!“ – МВР и РСБСП со кампања низ државата

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 203 прекршоци, од кои, 172 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

dobivaj vesti na viber

За време на контролата санкционирани се и 105 други видови на прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, а возачите да ги почитуваат своите обврски кон пешаците.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards