Утрински Весник
Спорт

Феликс: Сакам да играм лево крило во Барселона

Феликс: Сакам да играм лево крило во Барселона

Фудбалерот на Барселона и португалски репрезентативец Жоао Феликс изјави дека би сакал да игра на левата крилна позиција во каталонскиот клуб и додаде дека е задоволен како бил пречекан во новиот клуб, пренесува каталонски Спорт.

dobivaj vesti na viber

Феликс е член на Атлетико, но до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Барселона. За Португалија играше на натпреварот против Луксембург во квалификациите за ЕП во 2024 година, а на крајот од мечот успеа да се запише во листата на стрелците.

„Се чувствувам добро и самоуверено иако во последно време не играв многу. Подготвен сум и ќе направам се за да и помогнам на Барселона да постигне добри резултати“, изјави Феликс, кој вториот дел од минатата сезона го мина како позајмен во Челзи.

За Барселона дебитираше пред десетина дена на мечот со Осасуна (2:1).

„Се чувствувам удобно да играм на лево крило. Мислам дека тоа е позицијата на која ќе играм кај Чави. Тимот срдечно ме пречека. Тимот е млад, а ова е добра група која сака да победува“, додаде португалскиот фудбалер.

Барселона во следното коло на стадионот Монжуик ќе го пречека Бетис во Ла Лига.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024