Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо за лиценци, за три години ќе изградеа нова клиничка болница

(Видео) Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо за лиценци, за три години ќе изградеа нова клиничка болница
Dik 300x250 mk

СДС и ДУИ даваат 40 милиони евра во три години за лиценци за администрација. Во 2020 година, рекордни 15 милиони евра, сега е срушен рекордот од 26 милиони долари, како аманет од Рашковски. Пари на една фирма, фаворизирана од Драги Рашковски, сега од екипата на Димитар Ковачевски, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„40 милиони евра за лиценци, додека системот КАТО на Онкологија е исклучен. 40 милиони евра за една фирма, додека луѓе умираа за Трикафта, а телефонски се собираат донации за лечење. 40 милиони евра за лиценци во истите три години додека нема учебници, 40 милиони евра за лиценци, а нема за плати, за пензии, за земјоделците. За споредба, со 40 милиони евра во три години можеше да се изгради цела нова клиничка болница. Лиценците на владата чинат повеќе од цела клиничка болница Штип“, истакна Стоилковски.

Владата, дополнува тој, мора да одговори, зошто по само три години, со истата фирма избрана за 15 милиони евра, сега прави договор на 25 милиони евра.

Според него, расипништвото на СДС нема граници.

„Договорот за лиценци за безмалку 25 милиони евра, по оние 15 милиони евра пред три години, е потпишан на 1-ви септември, кога без учебници тргна школска година, а во јавноста изби грозоморниот скандал на Онкологија“, истакнува Стоилковски.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре