„СДС продолжува кај што застана Рашковски, истата фирма со која Рашковски склучи договор за набавка на софтвери во 2020 година во вредност од 15 милиони евра, е избрана за набавка на софтвери повторно, но овој пат за 26 милиони долари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Набавката од фирмата која беше дел од низата скандали заради која Рашковски си замина, сега повторно книжи милиони.
Имено на 1-ви септември потпишан е договорот, а од страна на владата потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила.
Договорот е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари.
Се поставува прашањето што се смени за 3 години, па наместо за 15 милиони се купува за 26 милиони? Во кој дел работата на владата напреднала и што ново е направено?
Како фирмата која беше во фокусот на скандалите со Рашковски повторно склучува договори со владата на СДС во очи избори за сума поголема за 70% од пред 3 години?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.