Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Истрагата за Онкологија ја водат надлежни институции, ДПМНЕ само прави штета

Ако се покачи само минималната плата за хигиеничарите, тогаш на медицинарите им се дава сигнал да си го фатат патот, порача Синдикатот

„Истрагата за случајот на Онкологија, за грозоморната шема, воспоставената пред многу години, ја водат надлежни институции, додека ДПМНЕ со своето делување само прави штета на целата постапка“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни и наместо да ја поздрави истрагата, ја попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност.

Ова само потврдува дека Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата, за се што се правело на Онкологија години наназад.

Секој што се огрешил во случајот со Онкологија ќе се соочи со одговорноста и ќе биде изнесен пред лицето на правдата, без разлика на партиска, етничка или друга припадност припадност“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија