Продолжува големата спасувачка операција на американски спелеолог, кој беше заробен на повеќе од 1.000 метри под земјата на југот на Турција.
Марк Дики (40) бил на меѓународна истражувачка експедиција во пештерата Морка, во планините Таурус, кога доживеал гастроинтестинално крвавење на длабочина од 1.040 метри.
Повеќе од 150 турски и странски спасувачи, меѓу кои и хрватски и бугарски тим, со денови се обидуваат да го извлечат од третата најдлабока пештера во земјата.
Свршеницата на Дики, Џесика ван Орд, која беше со него за време на експедицијата, е во кампот и работи со спасувачките тимови.
Спасувачите денеска ги објави најновите информации и фотографии.
„Марк моментно се наоѓа на длабочина од 300 метри, а неговата здравствена состојба со континуирана грижа на лекарите е стабилна. Во тек се последните подготовки за транспорт на површината. Другите наши спасувачи, кои беа во најдлабоките делови, заминуваат по завршувањето на задачите“.