Утрински Весник
Спорт

Погба сакал да се пензионира по уцената од сопствениот брат

Погба сакал да се пензионира по уцената од сопствениот брат

Ѕвездата на Јувентус, Пол Погба открива дека размислувал за повлекување од професионалниот фудбал по случајот со уцена и изнудување на пари од страна на организирана група во која беа вклучени некои негови пријатели и неговиот постар брат, Матијас.

dobivaj vesti na viber

Лани беше отворена истрага за изнудатта на 13 милиони евра од Матијас Погба и од пријатели од детството на Французинот, и сега во интервју за „Ал Џазира спорт“, Погба признава дека тоа го натерало да размислува за иднината.

„Парите ги менуваат луѓето, можат да растурат семејство. Можат да предизвикаат војна. Понекогаш си помислував: ‘Не сакам да имам пари. Не сакам да играм. Сакам само да бидам со луѓе кои ќе ме сакаат, кои се нормални, не за славата, не за парите’. Понекогаш е тешко да се справиш со тој притисок“, вели Погба.

Покрај овие проблеми, 30-годишниот Погба имаше и големи проблеми со повредите по враќањето во Јувентус од Манчестер јунајтед и не беше дел од француската репрезентација за СП во Катар. Тој додава дека сака да ги демантира сите кои сметаат дека тој е „готов“.

„Сакам да ги изедат своите зборови. Да им покажам дека не сум слаб. Може да зборуваат лоши работи за мене, но јас нема да се предадам. Фудбалот е прекрасен, но суров спорт. Луѓето може да те заборават за еден ден. Еден ден си направил нешто големо, следниот ден си нула. Сите чекаат: ‘Тој е готов, кариерата му е завршена’. Затоа треба да се докажуваш постојано. Има многу играчи кои се загубија ментално, го замразија фудбалот поради негативните работи“, додава Погба.

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ