Утрински Весник
Спорт

Рикиардо ќе ја пропушти и трката во Сингапур

Рикиардо ќе ја пропушти и трката во Сингапур

Австралискиот возач на Алфа Таури, Даниел Рикиардо, ќе ја пропушти претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Сингапур поради повреда на раката, пренесува „Скај спорт“.

dobivaj vesti na viber

Рикиардо се опоравува од операцијата откако ја скрши раката во несреќа за време на тренингот во Зандворт на 25. август пред трката за Големата награда на Холандија.

Новозеланѓанецот Лиам Лосон возеше наместо Рикиардо на Италијанското ГП во Монца. Британските медиуми потсетуваат дека Алфа Таури е сестринскиот тим на Ред Бул.

„Што се однесува до Сингапур, мислам дека нема шанси дотогаш да се опорави. Мислам дека би можеле да бидеме оптимисти за трката во Јапонија. Но, закрепнувањето оди добро, тој има подвижност на рацете и ќе оди на рехабилитација“, рече директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Рикиардо ја започна сезоната како трет возач на Ред Бул, а пота го замени Ник де Врис во тимот на Алфа Таури.

„Мислам дека сака да биде во болидот во Сузука. Ние секојдневно ќе го следиме, да видиме како ќе закрепне“, додаде Хорнер.

Трката за Големата награда на Сингапур ќе се вози на 10. септември.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига