Утрински Весник
Свет

Генерал на Путин: Украина е само отскочна даска

Генерал на Путин: Украина е само отскочна даска

Клучен руски генерал промовиран од Владимир Путин оваа недела ја гледа инвазијата на Украина како „отскочна даска“ за понатамошен конфликт со Европа.

dobivaj vesti na viber

Генералот Андреј Мордвичев оваа недела со одлука на рускиот претседател беше унапреден во чин генерал-полковник, а тој веќе ја извршуваше улогата на командант на Централниот воен округ и на Руската централна група на сили во Украина.

Во неодамнешното интервју за московската државна телевизија Русија-1, чија снимка се појави денеска на социјалните мрежи, Мордвичев рече дека верува оти војната на Путин ќе трае долго и ќе се прошири во иднина.

„Мислам дека има уште многу време. Бесмислено е да се зборува за одреден период“.

„Украина е само отскочна штица?“ потоа праша новинарот.

„Да, апсолутно. Тоа е само почеток“, одговори Мордвичев и додаде дека војната „нема да запре тука“, пренесува „Индекс“.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме