Утрински Весник
Македонија

Изет Меџити: Дали е вистина дека идната недела ќе му биде вратен пасошот на Груевски

Изет Меџити: Дали е вистина дека идната недела ќе му биде вратен пасошот на Груевски

Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, прашува лидерот на Демократското движење, Изет Меџити.

dobivaj vesti na viber

Меџити во таа насока вели дека со измените на Кривичниот законик, Груевски автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и ТРАЕКТОРИЈА, и прашува дали за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка.

Меџити претходно рече дека оние кои помогнале за бегството на Груевски и сега за неговото враќање, ќе сносат одговорност.

Изгласувањето на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кој меѓудругото се намалуваат казните за различните облици на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Злосторничко здружување“, предизвика бројни реакции во јавноста.

Албанските партии, Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење сметаат дека измените во Кривичниот законик кои Владата ги предложи до Собранието се прават да се спаси Никола Груевски. Експремиерот се огласи пред два дена, коментирајќи дека во неговиот случај на политички прогон, законските измените имаат минорно учество.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер