Утрински Весник
Македонија

Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа

Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа

Двајца прилепчани, татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп. Пожарот во надлежните служби бил синоќа пријавен околу 21,45 часот.

dobivaj vesti na viber

Едниот прилепчанец бил затекнат во дневната просторија и целосно изгорен, а другиот во претсобјето и се задушил.

Пожарот е изгаснат и е спречено да се прошири на другиот кат и на соседните куќи.

Увид на местото на пожарот направиле полицијата и основен јавен обвинител, а се врши истрага за да се откријат причините за пожарот и трагедијата.

Можете да прочитате

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП-то за одбрана до најслаба војска во регионот

Tурција на нова историска раскрсница

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице