Утрински Весник
Македонија

Аманетот кој ни го оставија храбрите илинденци и гордите асномци, се нашиот штит во борбата да ги оствариме вековните стремежи, вели Петровска

Петровска во посета на САД: средба со секретарот за одбрана Остин и одбележување 30 години партнерство

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово со видео-обраќање на сите граѓани на Северна Македонија им го честиташе Денот на независноста, 8. Септември.

dobivaj vesti na viber

Во честитката, министерката Петровска порачува дека независноста не е само збор, туку тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината и дека храбрите одлуки се втемелени во македонскиот непокор. Горди на минатото, порачува министерката, се поклонуваме на историјата, но живеејќи во сегашноста да се обединиме за европската иднина на Македонија.

„Илјадници страници испишани на македонски јазик раскажуваат за борбата и непокорот кои се спротивставуваат на секој обид ова парче земја да биде поробено.

Аманетот кој ни го оставија храбрите илинденци и гордите асномци и мудроста која ја имаат македонските современици се нашиот штит и меч во борбата да ги оствариме вековните стремежи за независна и суверена Македонија.

Независноста не е само збор, туку тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината.

Денес, на Денот на независноста ја чествуваме издржливоста и решителноста на секој Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Бошњак и секој еден граѓанин на Македонија.

Стоејќи гордо под знамето на сонцето да се потсетиме и поклониме на жртвите на оние кои го дадоа животот за денес да го живееме вековниот сон.

Храбрите одлуки се втемелени во македонскиот непокор и затоа горди на минатото, се поклонуваме на историјата, но живеејќи во сегашноста да се обединиме за европската иднина на Македонија“, порача Петровска.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ