Утрински Весник
Свет

(Видео) Драматични снимки од Грција: со јаже се извлекуваат луѓе од поплавените куќи

(Видео) Драматични снимки од Грција: со јаже се извлекуваат луѓе од поплавените куќи

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од спасување на граѓани со авиони од поплавените куќи во Грција. Спасувачките единици користат јажиња за да се спуштат до покривите на поплавените куќи и да ги извлечат луѓето на безбедно.

dobivaj vesti na viber

Видеата прикажуваат како спасувачите евакуираат 12 лица, меѓу кои има деца и постари лица.

Претходно локалните медиуми објавија дека по страшното невреме „Даниел“ во нивните куќи во реонот на Астрица во Кардица биле пронајдени две мртви жени, со што бројот на жртви се зголеми на шест лица.

Повеќе од 800 луѓе се спасени во изминатите два дена.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија