Утрински Весник
Свет

Две жени најдени мртви во нивните домови: бројот на жртви од бурата „Даниел“ во Грција се искачи на шест лица

Две жени најдени мртви во нивните домови: бројот на жртви од бурата „Даниел“ во Грција се искачи на шест лица

Две жени се пронајдени мртви во своите домови во областа Астрица во Кардица како последица на бурата Даниел во Грција.

dobivaj vesti na viber

Во различни куќи биле пронајдени две постари жени. Така бројот на жртвите поради лошото време се искачи на шест.

Според известувањето на „Скај“, роднина ги предупредил старите жени за невремето и ги советувал да си одат, но тие рекле не.

По некое време ги повикал спасувачите кои ги нашле мртви во куќите. Со чамец биле префрлени во амбулантно возило.

Претходно, еден постар маж беше пронајден мртов во областа на Тесалија, пренесува Катимерини. Тој 82-годишен маж е пронајден во онесвестена состојба под автомобил во областа Елинопиргос, откако по излегувањето од куќата го однел порој предизвикан од бурните дождови.

Претходно, противпожарните служби соопштија дека телото на постара жена е пронајдено во близина на крајбрежна локација на полуостровот Пелион, во близина на пристаништето Волос.

Првата жртва на невиденото невреме во Грција беше маж во Волос кој во вторникот беше погоден од ѕид.

Од понеделникот бурата Даниел предизвика лизгање на земјиштето, уништи мост, урна далноводи, а десетици автомобили беа однесени со порои, само неколку дена откако беше изгаснат големиот пожар во северна Грција.

Поплавени се и делови од Атина.

Четири лица се водат за исчезнати во централна Грција откако поројниот дожд поплави домови и деловни објекти. Властите трагаат по исчезнати лица, изјави во телевизиска изјава министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд