Утрински Весник
Македонија

АХВ: Монструозни се обвинувањата на „Анима мунди“ дека на милост и немилост се оставени свињите од фармата во селото Таринци

АХВ: Монструозни се обвинувањата на „Анима мунди“ дека на милост и немилост се оставени свињите од фармата во селото Таринци

„Монструозни се обвинувањата на Здружението за заштита на животните ‘Анима мунди’ дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живеење се оставени свињите од фармата во селото Таринци, општина Карбинци, каде што во тек е спроведувањето мерки за евтаназија во согласност со донесените решенија на Агенцијата за храна и ветеринарство за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, вклучително и за оние што се опфатени со овие мерки и кои треба да бидат евтаназирани, најодговорно тврдиме дека во соопштението на Здружението се изнесени лаги“, реагира Агенција за храна и ветеринарство.

dobivaj vesti na viber

„Евтаназијата на животните се спроведува по највисоки стандарди и строго дефинирани процедури, во присуство на официјални ветеринари, под чиј надзор се преземаат сите активности, почнувајќи од утврдување на здравствената и благосостојбата на животните што треба да се евтаназираат, па сè до преземањето на мерките за нештетно отстранување на убиените животни на фармата. Најодговорно тврдиме, животните што треба да се евтаназираат не се оставени сами да умрат како што грубо се тврди во соопштението. Во согласност со одредбите на Законот за заштитата и благосостојбата, на фармата во Таринци се врши редовен дотур во силосите за исхрана, животните се снабдени со доволни количини пивка вода и сместени се во соодветни објекти, кои се добро проветрени и осветлени.

Во услови на справување со епидемија, изнесувањето вакви невистини и манипулирањето со јавноста не оди никому во прилог и е за најголема осуда“, велат од Агенција за храна и ветеринарство.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина