Утрински Весник
Македонија

Исчкртан мостот „Око“: „Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“

Исчкртан мостот „Око“: „Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки се испишани на мостот пред Археолошки музеј.

dobivaj vesti na viber

„Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, напиша Богдан Илиевски на социјалните мрежи.

МВР вчера утврди дека 21-годишниот кој го вееше знамето на така наречена „Голема Албанија“, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти е германски државјанин. Полицијата еден месец работеше на утврдување на идентитетот на вејачот.

Можете да прочитате

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда” стигнавме до „телесна повреда”?!

Пијан охриѓанец со четирицикл излетал од патот

Уапсени пет лица, одземено оружје и муниција – МВР со детали за антитерористичката акција