Министерот за правда, Кренар Лога, беше информиран од постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, за регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот почна на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години.
Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и во Косово. Во Република Северна Македонија проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации.
На средбата се разговараше и за стратегијата за развој на правосудството 2023-2027, законодавната агенда и состојбата во затворите.