Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повика на избори и да се овозможи непречена истрага за случајот Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ станува нервозна, по медиумите, на удар се нивните членови и пратеници

И покрај постоење на соодветен систем за терапија на болните од рак, Владата на СДС и ДУИ дозвол да умираат луѓе, затоа избори и да се овозможи непречена истрага за случајот Онкологија, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Со скандалот со Онкологија најбрутално се погазени човековите права.

Злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е криминал со смртни последици. Злоупотребата е злосторничко здружување за кражба на лекови од пациенти со канцер за продажба на црно.

Ваквите активности се речиси невозможни без политичка поддршка.Сето ова се случува во ситуација кога Клиниката за онкологија од 2017 година има КАТО систем за контрола на терапиите кој не се користи.

Истот тој систем е исклучен со доаѓањето на СДС и ДУИ на власт и поставувањето на Арбен Таравари за министер за здравство. И наместо одговор од Таравари, молк што се случило со системот. Актуелниот министер Фатмир Меџити со објаснување од типот „системот не е во подрум, туку заклучен во соба“!

И покрај фактот што одамна, или уште пред две години се предупредуваше за вакви случувања на Онколигија, злосторничко здружување се уште опстојува и владее со Клиниката за онкологија.

Предупреувања од многу страни, поплаки од паценти, документ со низа на неправилности за работата на Онкологија од Државната ревизија и никаков резултатот.

Системот на крадење на терапијата за болните од рак функционира. Тоа говори за политичка заштита на актерите во овој криминаклен систем.

Оставките се прв чекор кој што би гарантирал истрага и соодветна постапка без да се влијае врз неа од позиција на моќ и власт!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие