Утрински Весник
Свет

САД: Северна Кореја ќе плати за испраќањето оружје во Русија

САД: Северна Кореја ќе плати за испраќањето оружје во Русија

Преговорите за купување и продажба на оружје меѓу Русија и Северна Кореја активно напредуваат, изјави американски официјален претставник и го предупреди севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека неговата земја ќе плати за испраќање оружје во Москва што ќе се користи во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Испраќањето оружје во Русија нема да се одрази добро на Северна Кореја и тие ќе платат за тоа во меѓународната заедница“, изјави за новинарите во Белата куќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Американскиот дневен весник „Њујорк Тајмс“ во понеделникот, повикувајќи се на американски и сојузнички извори, објави дека Ким планира да ја посети Русија во септември за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за продажба на оружје за војната во Украина. Претходно во вторникот, Кремљ соопшти дека „нема што да каже“ за наводите.

 

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата