Утрински Весник
Спорт

(Видео) Ѓоковиќ се лутеше на публиката, но го збриша Фриц за полуфинале

(Видео) Ѓоковиќ се лутеше на публиката, но го збриша Фриц за полуфинале

Новак Ѓоковиќ е на две победи од својата 24. гренд слем титула, откако во експресни три сета со 6:1/6:4/6:4 го збриша миленикот на домашната публика Тејлор Фриц и се пласираше во полуфиналето на САД опен во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ почна фантастично, освојувајќи го првиот сет со 6:1 за 44 минути, со супериорна игра на свој сервис, додека во исто време Американецот не успеа да ги искористи своите поени. Во вториот сет му беше малку потешко, но еден брејк за 1:2 водство беше доволен за разликата да биде 2:0 во сетови, за најинтересната битка да ја видиме во одлучувачкиот сет, кога по брејкот на Ѓоковиќ за 4:3 водство, Американецот одговори со свој брејк, за веќе во следниот гем повторно Ѓоковиќ да ја врати предноста и да го комплетира мечот по 2 часа и 40 минути игра.

Токму во финишот на третиот сет, Ѓоковиќ влезе во расправија со еден навивач кој беше прегласен во моментите кога Фриц направи брејк поен, предизвикувајќи повторно лута реакција на Србинот. По победата, Ѓоковиќ има совршени 8-0 против Американецот.

Следниот противник на Ѓоковиќ повторно ќе биде Американец, што значи дека повторно гласните навивачи ќе му претставуваат предизвик на Србите, бидејќи во четврт-финалето играат 10. носител, Френсис Тиафоу против Бен Шелтон.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност