Утрински Весник
Спорт

Гоф ја декласираше Остапенко на жештината во Њујорк

Гоф ја декласираше Остапенко на жештината во Њујорк

Тинејџерката Коко Гоф ја декласираше поранешната гренд слем шампионка Јелена Остапенко со 6:0/6:2 за пласман во полуфиналето на САД опен на голема жештина на „Артур Еш“ стадионот во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

19-годишната Гоф ја заврши работата за нешто повеќе од еден час, освојувајќи седум гема во низа и очигледно не и пречеше температурата и екстремната влажност на воздухот на терените на Флешинг Медоуз. Победата е уште поимпресивна ако се знае дека Остапенко ја елиминираше првата носителка и светска тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек во неделата.

Американката го освои првиот сет со 6:0 за само 20 минути, по што продолжи со одличната игра и во вториот дозволувајќи и само два гема во текот на целиот меч.

Гоф се обидува да стане првата американска шампионка во Њујорк од Слоун Стивенс во 2017 година, а во полуфиналето го чека подобриот од дуелот на 10. носителка, Каролина Мухова и Сорана Кирстеа.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига