Утрински Весник
Спорт

Тен Хаг го вклучи Санчо во составот за ЛШ, но не и Ван де Бек

Тен Хаг го вклучи Санчо во составот за ЛШ, но не и Ван де Бек

Манчестер јунајтед го поднесоа официјалнит список на 25 фудбалери за Лигата на шампиони, во кој и покрај конфликтот е вклучен Џејдон Санчо, но не и Холанѓанецот Дони ван де Бек.

dobivaj vesti na viber

Санчо е вклучен во составот и покрај тоа што го критикуваше Тен Хаг на социјалните мрежи откако беше исклучен од тимот за дербито со Арсенал поради неговите перформанси на тренинзите, но не и Ван де Бек, за кој се шпекулира дека е во преговори за позајмица во Галатасарај.

Сите летни засилувања, како Андре Онана, Мејсон Маунт, Расмус Хојлунд, Алтај Бајиндир, Серхио Регилон и Софијан Амрабат се во составот, како и повредените Тајрел Мласија и Лук Шо. Алехандро Гарначо не е на овој „А“ список, но сигурно ќе биде на „Б“ списокот на кој се фудбалерите произлезени од академијата на клубот и може да биде менуван пред секој меч.

Можете да прочитате

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз