Утрински Весник
Македонија

(Видео) Владата оградена пред протестот за Онкологија

(Видео) Владата оградена пред протестот за Онкологија

Со метална ограда поставена на тротоарот, Владата попладнево се подготви за протестот против кражбата на лекови од пациентите на Клиниката за онкологија.

dobivaj vesti na viber

Протестот ќе почне во 18 часот, а се случува по објавите на неделникот „Фокус“ дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Насловен е „Протест против организираните убиства на Онкологија“ преку кој одговорност ќе се бара од владините функционери, подеднакво како и од работните во најнискиот ешалон на Клиниката.

Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде организаторите ќе повикаат на оставка и одговорност од сите министри за здравство.

„Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во живото-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години“, се вели во повикот за протестот објавен на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош