Утрински Весник
Македонија

Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања

Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања

Со потпишувањето на договорот со БМЗ, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батериим која ќе отвори 755 нови работни места, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовским престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии, БМЗ, за реализација на нова германска инвестиција во Северна Македонија.

„Со реализацијата на инвестиција од 65 милиони евра, која ќе отвори 755 нови работни места, ќе се креираат дополнителни можности за вработување на наши сограѓани, кои ќе создадат шанси за развој и унапредување на своите знаења, вештини и компетенции активно да учествуваат во најсовремени технолошки производствени процеси и за тоа да бидат добро платени“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека со проектирањето годишен извоз од над 360 милиони евра, новата фабрика на БМЗ ќе значи директна придобивка за извозните способности на Северна Македонија и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата.

„БМЗ е компанија што произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори што во услови на интензивирана глобална транзиција кон зелена економија добиваат сè понагласена пазарна вредност и можности за успех. БМЗ е синоним е за технолошки напредна компанија, со високо ниво на одржливост и пазарен потенцијал, кои произлегуваат од нивните иновативни, висококвалитетни производи, која секоја држава би посакала да е дел од нејзиното стопанство“, изјави Битиќи.

Оваа инвестиција е уште едно камче во мозаикот на исклучително добрите економски односи помеѓу Германија и Северна Македонија, која ќе има позитивни импликации за понатамошните билатерални односи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, во својата изјава рече дека само по 7 месеци од кога ја имавме првата средба, веќе сме тука да потпишеме инвестициски договор од 65 милиони евра.

„Она што е најважно е дека БМЗ ќе вработи над 750 лица со плати од над 1.200 евра бруто. БМЗ е и првата компанија што формално се обврзува да даде конкретна поддршка за развој на вештини кај младите во нашата земја. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна придобивка од инвестициите“, рече Деспотовски.

Инаку, со овој договор во последниве 2 и пол години Владата заокружи инвестициски циклус од над 950 милиони евра и тие веќе креираат нови работни места, чија вкупна бројка ќе достигне над 12.500.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер