Утрински Весник
Економија

Шкриељ: Членство во ЕУ за поголеми плати за работниците и европски стандарди дома

Шкриељ: Членство во ЕУ за поголеми плати за работниците и европски стандарди дома

Членството во ЕУ е нашата единствена алтернатива која значи подобар животен стандард, поголеми плати, подобро образование, шанса за младите но и европски вредности, рече на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ.

dobivaj vesti na viber

– Една од најголемите придобивки е создавање на реални услови за голем раст на платите за сите работници. Кај сите држави кои станале членки во првите пет години по зачленувањето во ЕУ платите се зголемиле над 50 отсто, а некаде и за многу повеќе. Ова е директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за работниците, за нивниот смеен буџет и животен стандард, додаде таа.

Според Шкриељ, сегашната минималната плата од 20.000 денари со членство во ЕУ има реални шанси да се покачи двојно.

Таа наведе дека интеграцијата ќе им понуди шанса на младите за подобро образование но и учество во различни програми за млади, иновации и културни фондови финансирани од ЕУ, а за младите претприемачи и стопанственици значи пристап до најголемиот внатрешен пазар во светот, кој има повеќе од 500 милиони потрошувачи и 30 милиони компании, без никакви бариери.

 

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата