Утрински Весник
Македонија

(Видео) Да не се одолжува седницата за уставните измени, порача Мицкоски по координацијата со пратениците

Ковачевски: Ако ВМРО-ДПМНЕ излезе од рамката на договореното ќе ги разочара и граѓаните и меѓународната заедница

Да не се одолжува седницата за уставните измени, нема уставни измени под бугарски диктат, да се почитува волјата на народот. Ваква порака испрати првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната координација со пратеничката група и коалицијата.

dobivaj vesti na viber

„Бараме да не се одолжува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолжува седницата за уставните измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење компромиси на штета на државните интереси“, вели Мицкоски.

Тој рече дека на средбата било заклучено и дека остро се против законските решенија, кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати, кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата;

 

Можете да прочитате

Викендов променливо облачно време, на повисоките места слаб снег

Лазов од велешка Маслодајна бара намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер