Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Мислам дека за неколку дена ќе го имаме вејачот на голема Албанија во Тетово

Спасовски: Мислам дека за неколку дена ќе го имаме вејачот на голема Албанија во Тетово

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, верува дека лицето што го вееше знамето на голема Албанија во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Алнин Курти, ќе биде пронајдено и фатено во следните денови.

dobivaj vesti na viber

„Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Таргетирани се неколку лица. Се прават детаљни испитувања. Мислам дека за неколку дена ќе го имаме лицето“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање

Прашан дали се работи за лице од Косово или Македонија, министерот на медиумите им рече дека кога ќе дојде моментот ќе ги добијат сите информации.

Министерството за внатрешни работи пред две недели објави фотографија од лицето што го вееше знамето со т.н. голема Албанија на градскиот плоштад во Тетово на 11 август по кое сѐ уште трага.

Знамето предизвика многубројни реакции во земјата и во регионот, а дополнително скандалозно беше и тоа што снимките со симболот ги сподели на социјалните мрежи, тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Билал Касами, кој беше организатор на настанот. Истовремено, тој го пречека Курти со песната „Добредојдовте во Албанија“.

Тогаш реагира македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој рече дека „нагласувањето на провокативната националистичка иконографија поттикнува омраза и етничка нетрпеливост и ги нарушува основните вредности на Охридскиот рамковен договор“. Кабинетот на премиерот, Димитар Ковачевски, повика на одговорност, но не и Владата. „Макфакс“ побара став од владината прес-служба, кој е заедничкиот став на сите министри, кои се дел од Владата. Од таму добивме игнорирање и молк.

Скандалозно беше и тоа што на настаните не беше интонирана државната химна ниту, пак, беше поставено државното знаме за што Министерството за внатрешни работи претходно до надлежните основни судови поднесе барања за поведување прекршочна постапка против Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците на овие општини, Висар Ганиу и Билал Касами.

МВР тогаш образложи дека не е постапено во согласност со Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Албанските политички лидери, кои учествуваа на собирите со косовскиот премиер, и покрај осудите и бурните реакции, не ѝ се извинија на јавноста.

По скандалот, со коментар се јави и претседателката на Косово, Вјоса Османи, која изјави дека истакнувањето на знамето на голема Албанија во Тетово не било организирано, туку граѓаните го донеле самоиницијативно и настаните ги оцени како мало недоразбирање.

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава