Утрински Весник
Македонија

Левица: За незаконската донација од „Еуровија“ на ДУИ му следува суспензија на државното финансирање

Левица: За незаконската донација од „Еуровија“ на ДУИ му следува суспензија на државното финансирање

„Скандалот со добиениот тендер во вредност од 1,8 милион евра на фирмата „Еуровија”, која е донатор на ДУИ, ја потврди заштитата од органите на прогонот на партијата на Ахмети. Оваа компанија, која е во сопственост на внук на поранешен министер на ДУИ, само во последниве пет години добила тендери во вредност од 16 милиони евра!

dobivaj vesti na viber

Покрај сомнежите за корупција при добивање на тендерот за оваа компанија-миленик на ДУИ, незаконитост има и во висината на донациите од страна на „Еуровија”. Односно, износот на донацијата изнесува шест пати повеќе од законскиот максимум за донација.

Законот за финансирање на партии предвидува политичката партија најдоцна во рок од 15 дена од денот на добивањето на донацијата, разликата меѓу дозволената и донираната вредност да ја врати на донаторот. Доколку ДУИ не постапиле согласно овој закон, Законот предвидува суспензија на државното финансирање која го добива партијата, која во мај доби 600.000 евра од Буџетот на Република Македонија.

Манипулациите на министерот Османи се потценувачки за јавноста, кој изјави дека не знаел дека се работи за компанија – донатор на ДУИ, за подоцна да се појави заедничка слика со сопственикот Елмедин Адеми. Бидејќи неколку дена од ДУИ одбиваат да одговорат дали е вратена незаконската донација, оправдани се сомнежите дека и во овој скандал институциите не постапиле согласно законите.

Левица го повикува Државниот завод за ревизија да постапи согласно своите законски надлежности и да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка или пријава до Обвинителство согласно законот – во спротивно, Левица ќе поднесе со цел доследно спроведување на законот.

Јасно е дека неказнивоста на ДУИ е најголем генератор на криминал и корупција, додека нивната заштита од органите на прогонот резултира со држава која е претворена во хибриден режим, каде компаниите блиски на ДУИ го цедат буџетот финансиран од џебот на сиромашните граѓани“.

Соопштение на Левица

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)