Утрински Весник
Македонија

Детали за автобусот што се запали кај „Стража“ – сообраќал на редовна линија Скопје-Охрид

Детали за автобусот што се запали кај „Стража“ – сообраќал на редовна линија Скопје-Охрид

Автобусот што се запали кај превојот „Стража“ сообраќал на редовна линија Скопје-Охрид.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека пријавата за запалениот автобус стигнала на бројот за итни повици 112, по што веднаш била известена полицијата.

Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус.

Сообраќајот се одвива нормално.

„Макфакс“ претходно објави дека нема повредени патници, а автобусот сообраќал кон Кичево.

Можете да прочитате

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица