Утрински Весник
Македонија

Уапсен скопјанец баран по потерница, при апсењето била пронајдена марихуана

Уапсен скопјанец баран по потерница, при апсењето била пронајдена марихуана
Dik 300x250 mk

Вчера вечер во 21.40 часот на улицата „Хаџи Јован Шишко“, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода 19-годишниот Р.У. од Скопје, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Тој бил баран по потерница поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При лишувањето, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, на ул.„Брсјачка буна“, тој физички нападнал полициски службеници, соопшти МВР.

Р.У. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Тетовец со нож се заканувал на полицајци по сообраќајна кавга

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник