Утрински Весник
Магазин

Следната Ким Кардашијан: сите се опседнати со Аликс Ерл

Следната Ким Кардашијан: сите се опседнати со Аликс Ерл

Во светот на социјалните медиуми, не е тешко да се добие огромен број следачи на интернет – но да се задржи интересот? Тоа е предизвик сам по себе. Сепак, Аликс Ерл успеа да пронајде место во својот агол на интернет и сега се капе во славата.

dobivaj vesti na viber

Русокосата ‘тиктокерка’ започна како студентка што се снима додека се шминка за на колеџ и се дружи со другарките, а денес стана најпозната девојка.

Заборавете ги Кардашијанс, 22-годишната Аликс е најпопуларната девојка на интернет, пшуваат таблоидите.

Симпатичната Аликс го освои светот за само една година и создаде нешто што експертите за маркетинг го нарекоа „Ефект на Аликс Ерл“. Накратко – она што Аликс ќе го спомне, фотографира или сними, се продава.

Таа е „девојката од соседството“ со 5,7 милиони следачи (тој број секојдневно расте со молскавична брзина), а хаштагот со нејзиното име на „Тик-ток“ има речиси две милијарди прегледи.

Со својот опуштен пристап, хумор и искреност, таа стана личност со која се поистоветуваат милиони девојки низ светот. Аликс е, како што ја опишуваат фановите, ултимативна ‘girls girl’, односно девојка која неспорно ги поддржува другите девојки.

Секој ден на својот профил на „Тик-ток“, како најдобра пријателка која вечно ја познавате, таа споделува детали за својот приватен живот со милиони луѓе – ги покажува акните со кои се бори со години, зборува за естетските операции што ги правела, покажува неред во својот стан и, искрено зборува за љубовните врски, па дури и за тоа дека изневерувала некои момчиња со кои била во врска.

Аликс започна со „Тик-ток“ во последната година на колеџ. Студирала на Универзитетот во Мајами, живеела со цимери под кирија и, од својата темна подрумска соба разговарала со првите следачи. Шминкајќи се, Аликс опуштено говорела за својот ден како преку видеоповик да разговара со пријателите. За само еден месец собра над два милиони следачи.

Таа донесе популарност дури и на својот колеџ. Поради неа, Универзитетот во Мајами стана многу баран меѓу средношколците, а работите отидоа дотаму што е основана „стипендија Аликс Ерл“, која се доделува на студентка по избор на Аликс.

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби