Утрински Весник
Свет

Грант Шапс е новиот министер за одбрана на Велика Британија

Грант Шапс е новиот министер за одбрана на Велика Британија

По оставката на Бен Валас, премиерот Риши Сунак на министерската позиција го назначи Грант Шапс, кој беше задолжен за енергетската безбедност во кабинетот.

dobivaj vesti na viber

Грант Шапс е потврден како нов министер за одбрана на Велика Британија, откако претходниот министер Бен Валас поднесе оставка.

Претходно служеше како министер за внатрешни работи (шест дена во кабинетот на Лиз Трас), деловен секретар, секретар за транспорт и претседател на партијата на Ториевците, меѓу голем број помлади министерски улоги од 2010 година.

Валас поднесе оставка по четири години на функцијата.

Во изјавата, Сунак ја пофали „стратешката предвидливост“ на Валас во справувањето со војната во Украина и рече дека поранешниот министер одиграл клучна улога во евакуацијата од Авганистан.

Валас, кој се смета за силен поборник за зголемени трошоци за вооружените сили, се надеваше дека ќе биде потенцијален наследник на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ќе остане на функцијата уште една година.

Можете да прочитате

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7