Утрински Весник
Спорт

Халанд е прогласен за фудбалер на годината во Англија

Халанд е прогласен за фудбалер на годината во Англија

Норвешкиот фудбалер и напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за фудбалер на годината во Англија од страна на Здружението на професионални фудбалери (ПФА).

dobivaj vesti na viber

Наградата за најдобар млад фудбалер му припадна на англискиот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака.

Халанд постигна 52 гола во сите натпреварувања во својата дебитантска сезона во Премиерлигата.

Сити минатата сезона ја заврши со освојување на Лигата на шампионите, Премиерлигата и ФА Купот.

Халанд пристигна во Манчестер Сити во јуни 2022 година од Борусија Дортмунд за сума од 51,2 милиони фунти.

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина