Утрински Весник
Спорт

Голманот Онана повикан во националниот тим

Голманот Онана повикан во националниот тим

Селекторот на репрезентацијата на Камерун, Ригоберт Сонг, го повика голманот Андре Онана во тимот и покрај тоа што голманот беше испратен дома од Светското првенство во Катар поради недисциплина.

dobivaj vesti na viber

Онана е во составот од 24 играчи за натпреварот против Бурунди на 12. септември, во квалификациите за Африканскиот куп на нации. На Камерун му е потребен бод на домашен терен за да се квалификува за турнирот кој започнува на 13. јануари во Брегот на Слоновата Коска.

Лани во декември Онана објави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој не беше во првиот тим на првиот натпревар на Светското првенство во Катар против Швајцарија (0:1) поради несогласување со селекторот околу тактиката, па Сонг го испрати дома и порача дека голманот мора да биде дисциплиниран и да покаже почит.

Онана минатата година изјави дека „Камерун е вечен, како и неговата љубов кон репрезентацијата“.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност