Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин

Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на основачот на приватната воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Тој пред новинарите во Москва изјави дека Кремљ не е запознаен со организацијата на погребот на Пригожин бидејќи тоа е семејна работа.

Пригожин загина откако неговиот деловен авион се урна во Русија минатата недела. Несреќата се случи два месеца откако Пригожин и неговите војници организираа бунт против раководството на руската армија и го зазедоа Ростов, пред да се повлечат по пристигнувањето на „Вагнер“ на 200 километри од Москва.

Кремљ претходно ги отфрли како апсолутни лаги изјавите на одредени западни политичари и коментатори дека Путин го наредил убиството на Пригожин како одмазда за бунтот.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати