Утрински Весник
Спорт

Почетино задоволен од тимот на Челси и без нови засилувања

Почетино задоволен од тимот на Челси и без нови засилувања

Менаџерот на Челси, Маурисио Почетино тврди дека би бил задоволен од неговиот состав дури и клубот да не донесе нови засилувања во последните неколку дена од летниот преоден рок.

dobivaj vesti na viber

Челси потрошија над 320 милиони фунти на 10 играчи ова лето, но се верува дека ќе бидат активни и во финишот, со Емил Смит Роу од Арсенал и Бренан Џонсон од Нотингем форест како играчи за кои се заинтересирани. Се очекува да заминат Калам Хадсон-Одои и Марк Кукурелја, како и Ромелу Лукаку.

„Навистина сум среќен со мојот тим, тој кој го имам во моментов. Ако додадеме уште некој играч можеме да поправиме одредени позиции, но и да не се случи, јас сум задоволен. Да бидам искрен, повеќе сум фокусиран на тоа да се вратат во строј моите повредени играчи, а клубот си работи на својот бизнис. Има уште неколку дена, така што можат да се случат некои работи. Немам што друго да додадам“, вели Почетино на прес-конференцијата пред утрешниот меч од ЕФЛ купот против Вимблдон.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари