Утрински Весник
Спорт

Ајнтрахт одби 80 милиони за Коло Муани

Ајнтрахт одби 80 милиони за Коло Муани

ПСЖ испрати понуда од вкупно 80 милиони евра за напаѓачот на Ајнтрахт, Рандал Коло Муани, но клубот од Франкфурт не е подготвен да се откаже од својот најдобар играч доколку францускиот шампион не понуди уште најмалку 20 милиони.

dobivaj vesti na viber

Понудата на ПСЖ вклучуваше уплата од 70 милиони, додека Ајнтрахт би добил уште најмногу 10 милиони доколку се активираат бонусните клаузули. Како што дознава „Скај спорт“, германскиот клуб веќе го известил ПСЖ дека првичната понуда е одбиена и дека нема да прифатат ништо помалку од 100 милиони како обештетување.

Голем број богати клубови покажаа интерес за 24. годишниот играч, бидејќи тој беше извонреден минатата сезона, постигна 26 гола и забележа 17 асистенции во сите натпреварувања.

Коло Муани минатото лето го засили Ајнтрахт, кога како слободен играч пристигна во Франкфурт. Претходно играше за Нант и Булоњ. Сестраниот напаѓач одигра девет натпревари за француската репрезентација и постигна еден гол.

Нападот на францускиот тим веќе го засилија Усман Дембеле, Гонзало Рамос и Марко Асенсио.

Можете да прочитате

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови

Македонските кадети на врвот: Злато на Светското училишно првенство во Скопје