Утрински Весник
Свет

Во БиХ загина семејство од Србија, тројца возрасни и едно дете

Во БиХ загина семејство од Србија, тројца возрасни и едно дете

Четири лица од Србија загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата вечерта кај Прњавор. Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, тие се членови на исто семејство.

dobivaj vesti na viber

Независне новине објави дека е утврден идентитетот на сите жртви кои загинаа во сообраќајната несреќа кај Прњавор.

Сите жртви биле во автомобил  „пежо“, а според овој медиум се работи за Александар Јовановиќ (19) од Мачванска Митровица, Видосава Јовановиќ (49) од Кленак, Рума, Дејан Јовановиќ (23) од Мачванска Митровица и едно дете (7 ) од Мачванска Митровица.

Трагедијата се случила околу 20 часот и 30 минути на магистралниот пат Прњавор – Дервента во градот Штрпци.

 

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков