Утрински Весник
Спорт

Кудус го засили Вест Хем

Кудус го засили Вест Хем

Поранешниот играч на Ајакс Мохамед Кудус официјално е претставен како нов играч на Вест Хем. „Чеканите“ на клубот од Амстердам му платија отштета од 41 милион евра.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот од Гана потпиша петгодишен договор со Вест Хем и е четвртото засилување летово. Во тимот предводен од Дејвид Мојс веќе пристигна играчите од средниот ред Едсон Алварез и Џејмс Вард-Проуз, како и дефанзивецот Константинос Мавропанос.

Кудус е дел од Ајакс од 2020 година, кога холандскиот клуб му плати девет милиони евра на Нордсјеланд. Репрезентивецот на Гана за Ајакс одигра 87 натпревари, постигна 27 гола и забележа 12 асистенции. Два пати беше шампион на Ередивизија, а еднаш го освои Купот на Холандија.

Доаѓањето на 23. годишниот фудбалер претставува целосна трансформација на средниот ред на Вест Хем – англискиот клуб го напушти актуелниот капитен Деклан Рајс за време на преодниот рок, а парите што Арсенал ги плати за 24. годишниот фудбалер беа искористени за трансферите на Кудус, Вард-Проус и Алварез.

Кудус игра како офанзивен играч за врска, но може да игра и како десно крило.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо