Утрински Весник
Спорт

Бизарен разговор на ѕвездите на ПСЖ за Барса: Тоа е по…н тим

Бизарен разговор на ѕвездите на ПСЖ за Барса: Тоа е по…н тим

На социјалните мрежи кружи наводна аудио снимка од разговор меѓу играчите на ПСЖ, Килијан Мбапе, Лукас Ернандез и Усман Дембеле.

dobivaj vesti na viber

Ернандез пристигна ова лето од Баерн, Дембеле од Барселона, а Мбапе беше вратен во тимот по неколку недели драма околу новиот договор.

На споменатиот материјал може да се слушне Ернандез како му вели на Дембеле: „Ти доаѓаш од Барселона, зошто не пееш? Како може по…н тим како Барселона да те научи да пееш?“.

Потоа се прдодава Мбапе, со едно кратко: „Но да…“, додека одговорот на самиот Дембеле не може да се слушне.

Француските медиуми тврдат дека овој коментар им пречел на Барселона и дека не бил соодветен.

Ернандез пристигна од Баерн за 40 милиони евра, Французинот одигра само 107 натпревари за германскиот тим, помалку од Нејмар и Марко Верати во ПСЖ, редовно беше исмејуван бидејќи поради повредите редовно ги пропуштатше важните натпревари. Ернандез до ова лето беше најскапиот играч во историјата на Баерн. Да потсетиме, гигантот од Минхен во јули 2019 година го купи од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра.

Можете да прочитате

Светот на атлетиката е воодушевен од чудесната трка на Фенке Бол

Келиф по пласманот во полуфиналето: Ова е победа за сите жени во светот

Откажани тренинзите во триатлон поради лошиот квалитет на водата во Сена: Трката ќе се одржи во понеделник